UNDERWORLD
Васил Трендафилов
Години: 18
Образование: ССОУ „Коле Неделковски“ Велес/ УКИМ - ФЕИТ
Програмирање: C#, C++, Delphi, Pascal, HTML5, CSS3, JS, JQUERY, BOOTSTRAP, PHP.
Хоби: Пинг-понг, Kарти, Шах, YouTube, Startalk.
Виктор Јовев
Години: 18
Образование: ССОУ „Коле Неделковски“ Велес/ УКИМ - ФИНКИ, Компјутерски Науки
Програмирање:
C/C++ , Delphi, Pascal ,Octava, Алгоритми, податочни структури и нивна примена , Excel(Calc), PowerPoint(Impress) , Access(Base), Visio , Regex, Wordpress, Linux
Хоби: гитара, читање книги , решавање логички задачи , решавање задачи програмирање , математика , пишување блогови , истражување во областа вештачка интелигенција, читање новости за технологија и наука
Анѓелче Дамчевски
Години: 18
Образование: ССОУ „Коле Неделковски“ Велес/ УКИМ - ФИНКИ
Програмирање:
C/C++ , Delphi, Pascal , Word, Excel(Calc), PowerPoint , Access(Base), HTML, CSS, Wordpress
Хоби: изработка и дизајн на веб страници, решавање математички проблеми, фотошоп изработки, маркетинг, Дота 2 про
Дамјан Димитров
Години: 19
Образование: СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин” Велес / Компјутерски науки, Копер, Словенија
Програмирање:
C++, Java, Python, Алгоритми, податочни структури, Објектно-Ориентирано програмирање, дизајн на видео игри, Data Entry
Хоби: Решавање проблеми во областа на програмирање и математика, креирање концепти и идеи за видео игри, учење и тестирање на различни развивачки околини како и Game Engines
Бојан Вучевски
Години: 18
Образование: СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин”
Програмирање:
Front-End Development, Javascript, CSS, PHP, Unreal Engine, Unity
Хоби: Изработка на игри(програмирање и гејм-дизајн), учествуво во гејм-џeмови, решавање на разни видови алгоритамски задачи/проблеми, читање на книги, учење на нови програмски јазици, одење на натпревари по програмирање.
Дејвид Угриновски
Години: 19
Образование: ССОУ „Коле Неделковски“ Велес/Компјутерски науки, Копер, Словенија
Програмирање:
C++, HTML, Pascal, Delphi, Wordpress
Хоби: Едитирање во Adobe(Ae, Ps, Lr), изработка и дизајн на веб страници, Dota 2, софтверски инсталации и кракирања на мобилни телефони(android)

1.Долyнаведените правила важат само кога си корисник на TheUnderWorld.
2. Забрането е изразување на било каква форма на дискриминација, омраза и навреди помеѓу играчите. Прекршувањето на ова правило ќе резултира со банирање.Ваквите прекршоци можеш да ги пријавиш кај некој од модераторите.
3. Лажењето и спамирањето е строго забрането. Доколку забележиш некој сомнителен играч ти препорачуваме да ги известиш модераторите.
4. За пријавување на некој што лаже можеш да бидеш награден, но и не мора да значи.
5. Развивањето на секој играч во играта е под надзор од модераторите.
1. Можеш да го промовираш твојот таен линк на многу начини како што се: споделување на разни форуми, социјални мрежи (Facebook, Twitter...) и било каква друга размена на дигитални податоци.
2. Забрането е користење на било какви програми за кликање на тајните линкови. Со прекршување на ова правило вашиот акаунт ќе биде веднаш избришан.
1. Измамата е строго забранета. Не се признаваат никакви изговори, ние очигледно нема да ти поверуваме. Доколку пронајдеш грешка(баг) во играта и ги користиш бенефициите од истата ќе бидеш третиран како измамник. Затоа доколку забележиш било каков пропуст во играта известете некој од модераторите.
2. Доколку лажеш ќе бидеш казнет. Во најдобар случај казната ќе биде 48 часовен притвор, а во најлош и да бидеш баниран . Во врска со ова правило нема да има никакви исклучоци.
1. Тимот на TheUnderWorld има право да ја променува или избриши твојата корисничка сметка.
2. Тимот на TheUnderWorld има право за било какви промени во играта и на никој начин не одговара пред никого за нив.
3. Тимот на TheUnderWorld секогаш ќе прави подобрувања во играта со цел поквалитетна и по фер игра помеѓу играчите. Но сепак запамти, ние не сме вештачка интелигенција , па затоа ќе треба време.
1. Корисничките сметки можат слободно да бидат продавани помеѓу играчите, се разбира со претходно известување на модератори!
2. Поседувањето на повеќе кориснички сметки не е дозволено. Доколку пристапот кон ТheUnderWorld ти е од јавен компјутер (работа, интернет кафе, училиште) или пак домашен компјутер каде што игра и некој друг член од вашата фамилија, препорачливо е да ги известите модераторите. Во спротивно твојата корисничка сметка можи да биде избришана без никакво предупредување.
3. Корисничка сметка која е банирана нема да биде вратена под никакви услови. Затоа ирај чесно и поштено.
1. И покрај нашата добра заштита , препорачливо е твојата лозинка да користи разни симболи, бројки, мали/големи букви за да не дојде до пробивање на корисничката сметка.
2. Ние никогаш нема да ти пратиме порака каде што ти ја бараме твојата лозинка или пак други лични податоци.
3. Ние никогаш нема да побараме од тебе инсталирање на дополнителен софтвер за пристап кон играта.
4. Доколку забележиш прекршување на некое од горенаведените правила слободно пријави го случајот кај модераторите.
Ако имаш некакви прашања или проблеми можеш да се поврзеш со нас за да ти помогнеме.

Последнa промена : Август 23, 2018
The UnderWorld ("нас", "ние", или "наш/е/а/и") го поседува доменот www. theunderworld.mk што претставува веб- игра базирана на текст.
Ние ги собираме податоци на корисниците за подобрување на играта. Со самото регистрирање на корисникот , веќе ги прифатил правилата и условите за користење на неговите податоци.
Доколку има нешто што не е објавено во Приватната полиса, корисникот може да побара во Правила и Услови на играта на страницата www.theunderworld.mk/[soon]
Собираме различни типови на податоци и информации сѐ со цел да се овозможи подобра игра на корисникот.
Типови на собирање податоци
Лични податоци.
Email адреса
При регистрирање на корисникот , внесува задожително Email адреса за повеќе цели (награди , прашања , предлози , пријавување грешки, измами во играта и.т.н) Тимот на Тhe UnderWorld никогаш нема да ги искористи овој податок како лична цел.
Колачиња, Usage data
Usage Data
Usage Data ги вклучува информациите како Интернет Протокол адреса (IP адреса), тип на прелистувач, верзија на прелистувачот, категориите кои ги посетувал(корисникот) на www.theunderworld.mk, времето и датумот на посетата, времето потрошено на играта, и други дијагностички и статистички податоци. Колачиња
Колачињата се мали датотеки по меморија кои содржат анонимен единствен идентификатор. Колачињата се „испратени“ до корисничкиот прелистувач од страната (www.theunderworld.mk) и зачувани во корисничкиот уред. Корисникот може да ги одбие сите колачиња или неколку. Но, ако ги одбие колачињата, некои делови од играта можеби нема правилно да функционираат.
Заштитата на податоците е еден од најбитните фактори во играта, но никогаш не може да биде 100% заштитени податоци. Секогаш тимот на The UnderWorld ќе се стреми на подобра заштита.
Корисникот може да добие други линкови од други сајтови/ страни . Тимот на The UnderWorld нема никаква одговорност за ваква содржина , приватни полиси или било какви сервиси и стајови кои не се дел од играта. Препорачливо е пред да се посети било каков линк да се прочита приватната полиса на The UnderWorld.
www.theunderworld.mk не собира податоци за возраста на корисникот. Но препорачливо е корисникот да има 16+ години . Доколку сте родител или старател и сте загрижени за корисникот (дете/деца) за тоа што доставил лични податоци во играта, ве молиме контактирајте нѐ. Доколку тимот на The UnderWorld добиле лични информации на корисник (дете/деца) без родителска потврда, имаме право тие информации да ги избришиме од нашата база на податоци.
Често ќе се случува Приватната полиса да претрпи промени/измени во текот на годината.
Корисникот ќе биде навреме известен преку играта и преку неговата email адреса.
Доколку имате прашање за Приватната полиса , ве молиме контактирајте нѐ.